На предлог на Министерството за економија, Владата на Македонија на денешната седница донесе Одлука за замрзнување на цените на лимон, портокал, мандарина и грејпфрут и клементини.
Осигурителниот сектор во земјава е стабилен, согласно последните добиени податоци заклучно со 31 декември 2019 година и спроведените вонтеренски супервизии на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, оцени Советот на експерти на АСО на денешната седница
По покренатото барање од Стопанската комора на Македонија, Владата во текот на денов ќе овозможи товарните возила непречено да ги поминат граничните премини, а потребните дозволи да им бидат издадени на возачите при повторниот влез во земјава
Управата за јавни приходи – УЈП го ограничува времето за прием на странки од 10 до 12 часот во генералната, регионалните дирекции, одделенијата и шалтерите, со цел елиминирање на секоја можност за ширење и коронавирусот
Со одлука на Владата попладне ќе бидат замрзнати цените и на дополнителни продукти, покрај на основните прехранбени за кои од пред три дена е забрането покачување на цената
Од 360.000 до 4.500.000 денари се досегашните трошоци на компаниите што ги предизвикаа иницијалните владини мерки кои налагаат отсуство на дел од вработените поради коронавирусот
Комерцијална банка АД Скопје ги повикува своите акционери за Собранието на банката закажано за 2-ри следниот месец учеството и гласањето да го остварат со писмена кореспоненција или со електронско гласање
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска им порача на работодавачите дека имаат обврска да ги заштитат работниците и најави дека ќе поднесе тужби доколку дојде до незаконско намалување на платите со злоупотребување на состојбата со коронавирусот
Влада на Србија официјално дозволи извоз на брашно во земјите од регионот, меѓу кои и во Македонија, објави денеска белградскиот весник „Српски Телеграф“
Стапката на невработеност во четвртиот квартал од 2019 година падна на 16,6 отсто, објави Државниот завод за статистика