Синдикатот на АД ЕСМ порачува дека се загрозени правата на нивините синдикални членови од, како што велат, лица кои се претставуваат во име на поранешната згасната синдикална организација на ЕЛЕМ и бараат надлежните институции да го проверат работењето на поранешниот синдикат на АД ЕЛЕМ
Поради новонастанатата состојба со коронавирусот и препораките за спречување на неговото ширење, Агенцијата за вработување ги известува сите невработени лица да го одложат редовното пријавување во центрите за вработување во термините што им биле утврдени на последното редовно пријавување, се до истекот на важење на донесените мерки
Со цел елиминирање на секоја можност од ширење и превенција на Covid-19, секторите во Министерството за финансии ќе ги одржуваат состаноците преку телеконференциска врска, а секоја комуникација со странките ќе се врши телефонски или електронски
На едно четиричлено семејство во февруари му биле потребни 32.915 денари за да ги задоволни минималните основни месечни потреби
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, е заклучено дека ширењето на коронавирусот е заеднички проблем, и оти во оваа ситуација сме сите заедно и заеднички треба да ги решаваме проблемите.
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на својот официјален фејсбук профил предлага рокот за ажурирање на податоци во единствениот регистар на земјоделски стопанства да се продолжи за еден месец.
Од Народната банка информираат дека согласно преземените мерки од денеска нема да работат за посетители Музејот и Библиотеката и архивот на Народната банка, нема да се одржуваат организирани посети за финансиска едукација
Групацијата Балкан енерџи груп АД Скопје (БЕГ) воведува мерки на претпазливост со цел превенција и заштита на вработените и потрошувачите во согласност со препораките од Министерството за здравство, Владата и СЗО за справување со заканата од корона вирусот.
Телекомуникациските оператори соопштија дека ги преземаат сите потребни мерки за превенција и заштита на своите корисници и сите вработени со оглед на состојбата со коронавирусот, препорачуваат да се користат дигиталните канали за комуникација
Граѓаните во целост да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од корона вирусот и да не подлегнуваат на панично купување прехранбени производи, порачува Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија.