Откупот на тутун е при крај и се очекува до крајот на наредната недела и да заврши, истакна денеска од Свети Николе министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски
Триесет и три компании кои аплицираа по скратена постапка на Јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој на ФИТР ќе добијат 2.2 милиони евра, а самите ќе вложат околу пет милиони свои средства. Вкупниот обем на инвестиции кај овие проекти е над седум милиони евра
Коронавирусот се шири бргу, на жители од Кина повеќе не им е дозволено да ги напуштаат своите градови, но за пратките не е одреден „карантин“, односно задржување
Со оваа алатка, според министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, повеќе нема да биде потребно физичко присуство на лицето, туку пенкалото за потпис ќе стане мобилниот уред и неговата камера.
АД ЕСМ вложи 700.000 денари, донација за опремување на кабинет во битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ која денес слави 75 години од одржувањето на првиот наставен час на современ македонски јазик
На денешното извештајно рочиште присуствувале 85 отсто од најголемите доверители, а за реорганнизација позитивно гласале 99 отсто од нив
Националниот електропреносен систем оператор АД МЕПСО денеска потпиша два договора во Владата вредни 35 милиони евра со „Енергоинвест“ од Сараево и „Кончар“ од Загреб за изградба на 400 киловолтен далекувод од Трафостаницата Битола 2 до македонско-албанската граница и за изградба на 400/110 киловолтна трафостаница во Охрид и проширување на трафостаницата Битола 2
Будно го следиме случајот околу доделувањето државна помош на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје. Имаме основи за сомневање за сторен криминал, злоупотреба на државни пари и индиции за нерегуларности при постапка за доделување на државна помош
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се стекна со сертификатот за квалитет ISO 9001:2015 со што ја потврди фундаменталната определба да обезбеди услуги соодветни на барањата на потрошувачите преку висок квалитет во системско управување со институцијата, информираат од Регулаторното тело
Тие денеска во кругот на порашениот моден гигант „Астибо“, каде што сега се сместени повеќе штипски конфекции се сретнаа со вработените од неколку фабрики и со ученици од средни стручни училишта во Штип.