Инфраструктурата во зоната Визбегово и патниот правец Скопје – Блаце, биле дел од прашањата што ги отвориле претставниците на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) на денешната работна средба со премиерот Оливер Спасовски.
Според оценката на Советот на Народната банка, монетарната поставеност е соодветна на постојните и проектираните економски и финансиски услови, при здрави економски основи и без присуство на нерамнотежи во економијата.
ММФ алармира, не тврди. Вели дека ако платите се покачуваат без да се зголемува продуктивноста, тогаш може на долг рок да се јави проблем. Тоа и ние го укажуваме, заедно со меѓународните финансиски институции, рече денеска вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска.
Индустриското производство минатиот месец бележи пад од 5,9 отсто во споредба со декември минатата година, а во перидот јануари-декември лани има раст од 3,7 отсто во однос на 2018 година.
Железници на РСМ Транспорт пушти во сообраќај три нови електролокомотиви во вредност од 6.414.000 евра, набавени од кинески ЦРРЦ.
Забрзан технолошки напредок со изградба на индустриски зони и адекватни инвестиции за осовременување на постоечките зони, енергетски ефикасни технологии и инвестиции во обновливи извори на енергија, како и усогласување на царинскиот тарифник во земјава со ЕУ
Договори со 11 инвеститори за изградба на фотоволтаични електрани со вкупна инсталирана моќ од 35 мегавати на државно земјиште, на локациии во Македонски Брод и Свети Николе, денеска беа потпишани во Владата
Забрзан технолошки напредок со изградба на индустриски зони и осовременување на постоечките, енергетски ефикасни технологии и инвестиции во обновливи извори на енергија, како и усогласување на царинските стапки во земјава со ЕУ за повеќе индустриски производи се трите теми кои ќе бидат во фокусот на денешната прес – конференција на Индустриската комора на Македонија
Нов стечаен управник на градежната компанија „Бетон“ од денеска и официјално е Живко Калков. Решението за негово назначување го потврди и судијата кој ја води стечајната постапка за оваа компанија.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2019 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 648735 мегават часови електрична енергија, 20.833 милиони нм3 природен гас, 517.558 тони јаглен и 93.729 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика