Eкономската состојба на деловните субјекти во трговијата на мало во четвртото тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а e поповолна и во однос на истото тримесечје од 2018 година,објави Државниот завод за статистика
Просечната нето плата по вработен во ноември 2019 година изнесува 25.787 денари, објави Државниот завод за статистика.
Компаниите кои спроведуваат активности за зголемување на задоволството на купувачите, своите CX иницијативи можат да ги пријават до 7 февруари и да влезат во трка за првите Sout est Europe customer experience awards.
-Софистицираната и модерна царинска лабораторија ќе придонесе против борбата со нелегалната трговија, измамата, заштитата на потрошувачите и нивното здравје, заштитата на животната средина, борбата против тероризмот и зачувување на граничниот интегритет, истакна Ангеловска.
Уредбата за увоз на автомобили која стапи во сила од 1 јануари годинава и предвидува посебен данок за возилата врз основа на еколошка компонента засега нема да се менува.
Македонски компании ќе имаат можност да се презентираат на најкголемиот индустриски саем – HANNOVER MESSE во Хановер, Германија, што ќе се одржи во април годинава
Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ бараат конечно решение за нивниот проблем, односно згрижување на 64-те лица кои не земаат плати, на кои не им се исплаќаат придонеси и речиси два месеца се на принуден одмор
Раст и кај депозитите и кај кредитите е забележан во декември годинава. Според објавените податоци на Народната банка на месечна основа депозитите бележат раст од 3,4 отсто, а на годишно 9,5 отсто, додека кај кредитите растот е 1,9 отсто на месечно ниво и на годишно ниво шест отсто.
ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против законот за легализација на дивоградби кој е во собраниска процедура, но не се согласува со тоа што тој се носи по скратена постапка, без можност да се организира јавна расправа и да се слушне стручната јавност и локалните самоуправи.
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше за последните измени и дополнувања на Законот за минерални суровини