Оваа штетна хемикалија е утврдена како предизвикувач на сериозни здравствени проблеми како срцеви заболувања, дијабетис, неплодност, рак на дојка и простата, хормонски и ендокринолошки заболувања, а претставува и голем ризик за здравјето на децата.
Дополнителната заменик-министерка за финансии од редовите на опозицијата Гордана Димитриеска Кочоска денеска во контрареакција на прес-конференцијата на министерката Нина Ангелосвка праша зошто се оди кон задолжувања ако Буџетот е во дорбра кондиција.
Министерството за финансии во последнава година заедно со Народна банка работеше на новиот Закон за платни системи и платежни услуги, со којшто воедно се воведува и отворање и либерализација на пазарот со што ќе може да влезат и други компании.
Ја разгледуваме новината воспоставена од Европската Унија за и ние да се усогласиме и доколку анализите утврдат дека можеме што поскоро да го направиме тоа, ќе пристапиме и ние кон истото, нагласи денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.
Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска порача дека Буџетот е во добра кондиција и оти финансиите се стабилни. Апелираше до политичките субјекти да се однесуваат одговорно и интересите на граѓаните да бидат пред политичкото поентирање и медиумското внимание.
Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори бара од надлежните институции итно да расправаат за забраната за употреба на хемиската материја „бисфенол А“ или БПА која ја има во хартијата на која се печатат фискалните сметки.
Индексот на Македонската берза МБИ-10 на крајот на последниот работен ден од неделава изнесуваше 4.872,39 проценти, што претставува раст од 0,7 проценти на неделно ниво.
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Македонската банкарска асоцијација потпишаа Меморандум за соработка за олеснување и зголемување на пристапот до финансиски средства за домашните компании и отворање на дополнителни можности за инвестирање во иновации.
После неуспешната епизода во Министерството за труд и социјална политика, министерката Мила Царовска се обиде социјалниот дијалог да го пренесе во Владата како Вицепремиер, но сега собирајќи ги и стопанските комори, изоставувајќи ги „невладините“ подобни за неа.
Од еден до два проценти од БДП е очекуваното зголемување на наплата на ДДВ доколку ефикасно се адресира неформалната економија и забрзано се работи на Акциски план за сузбивање на сива економија, истакнала денеска министерката за финансии Нина Ангеловска на панел-дискусија на конференцијата на УниКредит – „Emerging Market Winter Conference“, која се одржува во Виена, Австрија