Дел од увозниците на половни возила денеска пред претставниците на Царинската управа, ги изнесоа своите забелешки во однос првичната примена на Законот за данок на моторни возила, кој стапи на сила на 1 јануари 2020 година.
Таа нагласи дека добрите економски остварувања може да се забрзаат и да се оствари синергија преку дигитализацијата, која,како што посочи, носи поголема додадена вредност.
Првата аукција на државни записи за 2020 година на износ од 500 милиони денари со рочност од 12 месеци што се одржа денеска во Министерството за финансии е ново зголемување на јавниот долг, рече денеска на прес-конференција дополнителната заменик-министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов денеска на средба со новинарите информира дека уште 13 оператори со храна од земјава се регистрирани за извоз во ЕУ
Mинистерката за финансии Нина Ангеловска учествува на 25. финансиски форум на Централна и Источна Европа „Еуромани“, на панел-дискусијата на министри на која ќе бидат дискутирани влијанието на евроинтеграциите на бизнис-климата во земјата и на потенцијалните инвеститори, економските движења, како и потенцијалот на е-трговијата да придонесе во развојот на економијата
Цените на горивата остануваат исти, а од полноќ поскапува само мазутот М-1 НС за 1,877 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Од Комората денеска оценија дека и покрај нивните постојани апели МОН води погрешна стратегија во уписната политика којашто не ги следи потребите на пазарот на труд.
Кон државата има огромни парични побарувања од инвеститорите за арбитражните постапки кои се во тек. Побарувањата на само една од арбитражните постапки надминува 300 милиони евра, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска ќе учествуваат на еден од водечките традиционални настани од областа на финансиите – Форумот на Централна и Источна Европа, што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија
Недоволен интерес покажале жените земјоделки од Источниот регион за добивање финансиска поддршка од државата преку мерката „Активен женски член во земјоделското домаќинство“, од Програмата за рурален развој за минатата година