Општата расправа по Предлог-буџетот за 2020 година продолжува денеска во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет
ССМ, како што посочи Димовски, предлага заедничко и на рамноправна основа учество на сите социјални партнери во организирањето на економскиот и општествениот развој по пат на социјален дијалог и преговарање.
Винарски визби не гледаат со потсмев, толку одбивност има од нивна страна на состаноците кога се преговара за откупните цени, рече претседателката на Националната федерација на фармери, Васе Мојсовска, на трибина во Неготино.
Цените на бензините од полноќ се зголемуваат за половина денар, а на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
За нејзиниот сопартиец Илија Димовски, целосно е неприфатлива тезата дека буџетот е насочен кон инвстиции во човечки капитал затоа што, како што оцени, тоа подразбира вложување во знаење, а не давање дополнителни пари.
Земјава преку проектот „ТРАИНЕЕ“ ги прави подготовките за воведување на дигиталната алатка за моделирање на информациите за објектите – БИМ (Building Information Modelling“) во градежата индустрија со која се менува начинот на нејзиното работење.
Таа информираше и за повраток кон фирмите што според неа е без селекција и во однос на 2019 до октомври извршен е поврат за 41,5 проценти поголем од 2015 година.
Предлог буџетот за 2020 година, е реален, ги лоцира приоритетите и ги алоцира парите на граѓаните онаму каде што ќе дадат најдобар ефект и резултати, истакна ресорната министерка Нина Ангеловска
Девет веќе постоечки и осум новоформирани земјоделски задруги од различни региони на земјава денеска ќе ги добијат договорите за финансиска поддршка од ЕУ
Додека во Европа се води отворена војна против дизел-возилата, на нашите патишта за две години разликата меѓу бензиски и дизел-возила е променета од + 1.711 во корист на бензинците во 2016 година, на + 36.530 дизели во 2018 година