Според новиот закон што се очекува да биде донесен наскоро, 250 компании ќе имаат обврска да воведат контрола врз својот производен процес од аспект на правилното трошење енергија. Ќе се обучат луѓе кои ќе ја контролираат потрошувачката, а кон тоа ќе се прилагоди менаџирањето на компанијата.
Бензините поевтинуваат половина денар од ноќеска на полноќ, а кај дизелот нема промена на цената, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Државниот завод за статистика денеска објави дека индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври споредено со септрември оваа година е зголемен за 0,1 процентен поен и изнесува 21,8 отсто, а во однос на октомври лани е зголемен за 1,1 процентен поен.
Министерството за финансии и Фондот за иновации и технолошки развој од 29 ноември до 1 декември ќе организира ФинХакатон2 чија цел е изготвување на иновативна маркетинг стратегија за новата наградна игра “МојДДВ, #МојаНаграда”.
Според тимот на ММФ, во иднина, доколку дојде до влошување на надворешното окружување, Народната банка треба да биде подготвена да ја заостри монетарната политика.
ММФ, стои во соопштението, оценува дека минималната плата се зголемува брзо, во споредба со продуктивноста на трудот.
Економијата влезе во период на солиден раст и стабилност по долготрајната политичка криза. Растот се очекува да се забрза до 3,4 отсто во 2020 година
Брзото одобрување на средствата и каматната стапка се најважните услови за граѓаните при изборот од каде ќе земат кредит кога им се неопходни средства
Анкетата на Институтот за политички истражувања е спроведена телефонски во периодот од 25 до 29 октомври годинава врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници.
Екс министерот за финансии Кирил Миновски за Детектор вели дека фискалната политика не може да се менува секој ден.