Најновата листа на УЈП за правни и физички лица кои должат давачки на државата има вкупно 1.995 фирми, или 16 повеќе од претходно, и 2.520 физички лица, 66 помалку од минатиот месец.
Тиквички, модри патлиџани, домашно произведено пиво, сапуни, сок од малини, мед… Долг е списокот на производи што можеа да се најдат на Меѓународниот саем на органска и традиционална храна „Органска трпеза“, што се одржа во Куманово.
Сите мораат да имаат ист третман, а најважно во плаќањето на јавни давачки, вели министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за неделникот „Фокус“. Таа најавува дека како министер за финансии ќе презема низа мерки за сузбивање на сивата економија
Економската соработка меѓу Република Македонија и Велика Британија, новата реалност што ја диктира Брегзит и обезбедувањето поддршка за имплементирање на проектот за подобрување на фискалната одржливост, ефикасност и траспарентност на управувањето со јавни финансии беа главни теми на разговор на првата средба на министерката за финансии Нина Ангеловска и британската амбасадорка Рејчел Галове
Со ребалансот , според Владата, се врши алоцирање средства онаму каде што ќе има најголема ефикасност и каде што може да се постигнат поголеми ефекти, повеќе пари кај граѓаните и силна финансиска поддршка за бизнисот за отворање нови работни места и исплата на повисоки плати.
Германија е најзначaјниот трговски партнер на Република Сeвeрна Македонија. Само во првите седум месеци од годинава земјата во СР Германија извезла стоки во вредност 1,8 милијарда евра, што е покачување за 22 отсто во однос на лани
Капиталните проекти што во моментов се реализираат во Република Македонија, како и планираните инвестиции во изградба на инфраструктурата во државата што ќе се реализираат во периодот што следува беа теми на средбата на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама денеска во Нови Сад усвоија заедничка Декларација, која се базира на имплементација на четири основни клучни слободи на ЕУ на Западен Балкан – за слобода на проток на стоки, капитал, услуги и луѓе
Увозните цени на горивата од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во август годинава се пониски за 3,7 отсто на месечно ниво и за 10,7 отсто на годишно ниво
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во август годинава се повисоки за 1,1 отсто на месечно ниво, а за 4,0 проценти на годишно ниво