Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.10/2019 за долгови доспеани 30.06.2019 и неплатени до 30.09.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Најновата листа на УЈП за правни и физички лица кои должат давачки на државата има вкупно 1.995 фирми, или 16 повеќе од претходно, и 2.520 физички лица, 66 помалку од минатиот месец.

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.10/2019 изнесува 10.114.683.435 денари, помалку за 84.458.111 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.973.012.126 денари (помалку за 85.793.289 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 141.671.309 денари (повеќе за 1.335.178 денари од претходната листа).

И понатаму на оваа листа има голем број јавни претпријатија, како на пример Македонската радио телевизија, ЈП за одржување на патиштата, Железница, потоа комунални претпријатија на неколку општини. Тука е и фирмата на Сеат Кочан „Трансмет“, која е во стечај, а и на оваа листа не изостана името на тутунскиот бос Бајруш Сејдиу.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2019 10:23