Србија е нашиот најголем економски партнер на Балканот, но потенцијалот за соработка се уште не е искористен
Заменик-министерката за финансии Ширет Елези оствари средба со шефицата на новата Канцеларија на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Западен Балкан Стефани Ебле, во насока на добрата соработка и партнерството што земјава го има со Фондот
Инвеститорите ќе треба да бидат подготвени на долг рок да прифатат пониски каматни стапки и пониски приноси поради актуелните состојби во светската и европската економија и опаѓањето на приносите на светските финансиски пазари, порача претседателот на Управниот одбор на „Шпаркасе банка Македонија“, Глигор Бишев на седмиот инвестициски форум „Ерсте инвесторс брекфаст“ што денеска се одржува во Скопје
Проценките на Министерството за економија за важноста на поседувањето на Халал сертификатот покажуваат дека овој стандард е многу важен за стопанствениците и производителите во Македонија и затоа се субвенционира од државата, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши кој заедно со поглаварот на ИВЗ на Македонија Сулејман Реџепи денеска доделија Халал сертификати на неколку компании
Администрацијата во законскиот рок ќе ги добие зголемените плати за пет отсто за септември, потврди денеска министерката за финанси, Нина Ангеловска
„Со соработка до побрз развој“ е темата на меѓународниот деловен форум што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Здружението на српски деловни субјекти и застапници во Република Македонија (СИДИС) во соработка со Амбасадата на Република Србија
До крајот на годината, вработените во приватниот сектор треба да добијат таканаречен К-15 односно регрес за годишен одмор.
Мобилната апликација „мЗаедница“ изработена од проектен тим од земјава е победник во категоријата Активно граѓанство – дигитално решение со влијание врз општеството, одлучи жири Комисијата на Европската награда за млади (European Youth Award 2019) на средбата во Сараево.
Берзата во иднина треба да има поголема улога во економското живеење во нашата држава и да се користи како механизам за вбризгување свеж капитал во компаниите, порача вицепремиерот за економски прашање Кочо Анѓушев
Најавениот грант од 10 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) на вчерашниот Самит за Западен Балкан во организација на Економист е само дел од потребните 125 или 135 милиони евра за изградба на пречиситителна станица во Скопје, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев