До крајот на годината, вработените во приватниот сектор треба да добијат таканаречен К-15 односно регрес за годишен одмор.
Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари до 14.090 денари. Пресметките се прават според 40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци или 40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци.
Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.
Казните за работодавците кои нема да дадат К-15 или ќе побраат од вработените да им биде вратен назад, казните достигнуваат и до 4.000 евра.