Политичка стабилност, предвидлива деловна клима, инвестиции во инфраструктурата и дигитализацијата, реформи во јавната администрација за нејзина поголема транспарентност и ефикасност и не толку чести промени во законодавството, се дел од препораките што странските инвеститори во Македонија денеска ги упатија до македонската Влада.
Скопје бил најпосетен град во земјава од странски туристи во октомври годинава. Според податоците на Државниот завод за статистика Скопје го посетиле 27.849 странски туристи со остварени 49.110 ноќевања.
Во октомври годинава за 31 отсто се издадени помалку одобренија за градење во однос на октомври лани, но предвидената вредност на објектите е повисока за 45,7 отсто во однос на истиот период.
Македонија дваесеттина години активно работи на борба против корупцијата, но сепак се има чувство како работите да се на почеток. Земјата има добра правна рамка, но недостига примена на законите, како и јакнење на институционалните капацитети.
Новиот систем на јавни набавки што ќе почне да се применува од следната година врз основа на индикатори ќе сигнализира на ризик, а управната постапка ќе ја врши Бирото за јавни набавки. Системот што Македонија го воспоставува е софистициран и може да се развива.
Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ донесе одлука за намалување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 2,75 на 2,50 проценти.
Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија денеска ќе го промовира второто издание на „Бела книга 2018“.
Градежни земјишта, автомобили, станови и деловни објекти се дел од движните и недвижни предмети за кои Управата за јавни приходи објави повик.
Министерот за финансии Драган Тевдовски истакна дека со ова Министерството за финансии и Владата на дело покажуваат дека ги слушаат предлозите од граѓаните и секогаш кога има простор излегуваат во пресрет. Во таа насока беа и јавните дискусии кои Министерството за финансии ги организираше изминатиот период во врска со даночната реформа, на која беа поканети претставници од граѓанскиот сектор и економски експерти.
Македонија има одлични угостители, препознатлива храна и добар кадар, но тоа треба добро да го спакува, да го патентира и да го промовира преку квалитетна маркетинг стратегија. Неопходно е да разработи и т.н. турзам кој ги продолжува сезоните, посебно во Скопје. Главниот град би можел да биде конгресен центар што ќе придонесе за продолжување на престојот на гостите, порачаа учесниците на денешниот форум во Стопанската комора.