Советот на странски инвеститори денеска ќе има средба со претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски.
Од Стопанската комора на Македонија информираат дека средбата е во насока на имплементација на добрата практика за унапредување на јавно-приватниот дијалог помеѓу највисоките носители на власта и странските инвеститори во земјава и овозможување заедничка дискусија во однос на можностите за создавање стабилно и предвидливо деловно опкружување.