Додаде дека е убеден преку мерките кои ги презема Владата, а кои се создадени заедно со стопанските комори и бизнис заедницата, македонските компании ќе бидат конкурентни на пазарите.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски ги повикува сите корисници на социјална помош да отидат кај Универзалниот снабдувач со електрична енергија ЕВН хоум и да поднесат барање за да бидат евидентирани како ранлива категорија на потрошувачи за да можат да ги користат придобивките од новите правила за снабдување со електрична енергија што се предвидени за таа категорија на потрошувачи
Целосното реализирање на изградбата на автопатската делница Кичево-Охрид вклучува финансирање на непредвидени и дополнителни градежни работи
Донесена е одлука Предлог-буџетот за 2020 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот за наредната година да бидат утврдени на наредна седница на Владата која треба да се одржи идната недела.
Охридска банка информира дека непознати сторители, злоупотребувајќи го идентитетот на Банката преку лажно претставување, се обидуваат да извлечат лични податоци на клиенти на Банката и на општата јавност.
Во услови кога надоврешната температура во текот на денот е околу 23 степени Целзиусови не гледам логика во вечерните часови да работат топланите, бидејќи на тој начин само се троши гориво
Како што беше речено денеска на прес-конференција, само на компаниите на територијата на Гази Баба им се потребни повеќе од 650 квалификувани работници од машинската и енергетската област.
Седум македонски винарници (Тиквеш, Стоби, Далвина, Бовин, Камник, Попов и Езимит) заеднички ги презентираа своите вина пред дистрибутери, увозници, претставници на угостителски објекти и други професионални купувачи на вино на швајцарскиот пазар.
Дефицит на стручен кадар, недоволна понуда на локации за изградба на индустриски капацитети и инвестиции во постоечките индустриски зони, како и редовно усогласување на законските прописи како не би се јавувале нелогични толкувања, се трите главни приоритети кои треба системски да се решат.
На дневниот ред на денешната редовна 163-та седница на Владата на Република Македонија е ставен на усвојување Предлог-буџетот на Република Македонија за 2020 година и Предлог – законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2020 година.