На сметка на тоа, за 3,27 милијарди денари или за околу 50 милиони евра е намален износот на капиталните инвестиции и тие од планираните 420 милиони евра се проектирани на 370 милиони евра.
Ребалансот беше усвоен денеска на седница на Владата и сонего се намалени одредени позиции кај капиталните расходи на буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на реализација. Тоа се воглавно проекти финансирани со кредити.
Со ребалансот на Буџетот се издвоени 400 милиони денари за субвенционирање на растот на платите во приватниот сектор, 200 милиони денари за активни мерки за вработување, дополнителни средства за поддршка на земјоделството...
Телекомуникациската компанија оне.Вип од денеска станува А1 и го претставува новиот бренд на групацијата А1 Телеком Австрија
Со околу 10% учествуваат задолжителните и доброволните пензиски фондови што постојат и имаат цел да обезбедат економската сигурност за граѓаните откако нема да можат сами да заработуваат, односно ќе бидат во пензија
Вкупно 10,8 милиони евра се ставени на располагање на општините во државава за развој на социјални услуги на локално ниво за следните пет години, соопшти Министерството за труд и социјална политика
Ребалансот на Буџетот за 2019 година подготвен од Министерството за финансии, а во чија крајна фаза се вклучи и новата министерка Нина Ангеловска, денеска треба да биде разгледан на владина седница
Осигурителен супервизорски форум на високи претставници помеѓу Еврoпската Комисија, Европското регулаторно тело за осигурување и пензии (EIOPA) и регулаторните тела за осигурување од земјите на Западен Балкан првпат ќе се одржи денеска во Франкфурт, Германија
Подготовката на ребалансот на Буџетот за 2019 година е во финална фаза и ќе даде поддршка на капиталните проекти и на новите мерки за повисоки плати и за подобри услуги за граѓаните, објави премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил по средбата со новата министерка за финансии Нина Ангеловска и заменичката Ширет Елези
Сите што се заинтересирани да започнат свој бизнис од денеска можат да добијат првична поддршка и консултации, како и стручна поддршка од меѓународни експерти во Центарот за настани, вмрежување и едукација на иновативните претприемачи MKstartups Space што е сместен во поранешните простории на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во Скопје и функционира под водството на Асоцијацијата Стартап Македонија