Клучните законодавни настани во Европското конкурентско право како што се Директивата за штети и идната ECN+Директива, која ќе има одредувачко влијание врз спроведувањето на правилата за конкуренција во наредните години.
Три компании се заинтересирани да ги превземат вработените од компанијата Веибо груп, а за исплата на заостанатите плати едно од решенијата е и стечајна постапка, информираше денеска вицепремиеот за економски прашања Кочо Аншушев
Настапувајќи како регион го зголемуваме интересот на француските компаниии за пристап до пазар од над 20 милиони жители. Ова е прв чекор, кој има за цел да ја зголеми трговската размена меѓу Франција и земјите од регионот.
Седумдесет милиони денари, наместо досегашните 66 милиони денари, ќе се одвојат од приходите на игри на среќа за финансирање на програмските активности на национални и инвалидски организации, здруженијата и нивни асоцијации.
Постои силна политичка волја за подобрување на управувањето со јавните финансии, беше посочено од Европската комисија (ЕК) на денешниот настан за спроведување на Програмата за реформи во јавните финансии (ПФМ) што се одржа во Министерството за финансии,.
Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната редовна седница ги донесе Стратегискиот план и Програмата за истражувачка активност на Народната банка за периодот 2019-2021 година.
Неиздавањето фискални сметки и сомнителното сторнирање на сметките се најчестите злоупотреби што ги открила Управата за јавни приходи (УЈП) во последните контроли што ги спровела во периодот од 19 април до 22 мај годинава.
Со новата фискална стратегија, проекциите за јавниот долг се значително помали во однос на последната фискална стратегија на претходната влада. Во просек станува збор за 3,5 процентни поени помалку секоја година, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски.
Целта на бизнис форумот на кој се присутни над 400 компании од 12 држави е да се унапредат трговските односи со Франција, да се поттикнат инвестициите и заедничката соработка во регионот.
Прилепскиот тутунски комбинат нема повеќе долгови спрема државата, но останува да ги исплаќа кредитите кон банките, по повеќе години зголемена е ликвидноста, а за зголемување на продуктивноста се подготвува пакет со отпремнини за околу 150-ина вработени.