Осумнаесет милиони евра е почетната инвестиција на американската компанија „Дура аутомотив системс“ во фабриката во Технолошко-индустриската развојна зона кај Скопје, чија изградба почна денеска.
Судијката Валентина Ѓорѓиевска ја потврди одлуката што ја донесе Собранието на доверители на 4. јули со која е прифатен планот за реорганизација на Фени Индустри. Планот како позитивен и перспективен беше изгласан и прифатен со 96 отсто мнозинство од доверителите.
Пониски откупни цени и проценка во пониски класи поради намален квалитет на тутунот, очекува Стопанската комора на Македонија од годинашната реколта.
Лозарите од Тиквешкиот регион бараат грозјето од годинешнава реколта да се плаќа според шеќерни единици, истакна денеска претседателот на Здружението „Напредни лозари”, Трајче Кулев.
Прометот во индустријата во мај годинава во однос на мај лани бележи раст од 8,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.
До крајот на годината Јавното претпријатие Државни патишта ќе инвестира три милиони евра, односно 180 милиони денари за изградба и санација на три регионални патни правци во општина Гевгелија.
Американската компанија „Дура аутомотив системс“ денеска во Технолошко-индустриската развојна зона кај Скопје ќе почне со изградба на производствен капацитет.
Мерките што централната власт планира да ги спроведе во насока на подобрување на севкупната туристичка понуда беа дел од темите за кои денеска дискутираа министерот за економија Крешник Бектеши, градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски и претставници на хотелиерите од охридско-струшката ривиера.
Објектот на фабриката за полнење вода „Маја“ во Македонија, архитектонско дело на Александар Карангелов е во конкуренција со пет други индустриски објекти за наградата Architizer A+ во САД.
Во Технолошко инудстриската зона кај Скопје утре ќе пончне изградбата на производствениот капацитет на американската компанија „Дура“. Станува збор за компанија од автомобилската индустрија, а инвестицијата се проценува на над 30 милиони евра.