Граѓаните на двете земји очекуваат да им служиме од секој аспект, а најмногу од економски, порача премиерот Заев во одговор на прашање по денешната средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ на граничниот премин Прешево-Табановце.
За 2019 година преку ЕУ договоривме 15 милиони евра поддршка на македонското земјоделство. Со 3,5 милони евра од нив ќе се градат нови системи за наводнување, а со 4,5 милиони евра фабрика за третирање отпад од угинати животни, рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски на денешната средба со производителите Стајковци и Црешево.
Во Буџетот на Република Македонија има одлична наплата на приходите, има одлична ликвидност, а вршиме сериозен притисок за реализација на предвидените расходи. Она што ме радува е дека имаме раст кај приходите од придонеси, што соодветствува со растот на платите, вели министерот за финансии Драган Тевдовски во интервјуто за МИА.
Сите земјоделци кои од први јануари до 30 септември годинава ги зголемиле стадата, формирале ново стадо, подигнале нов овошен или лозов насад или засадиле повеќегодишни ароматични растенија на нови површини, од денеска до крајот на овој месец ќе може да аплицират за добивање субвенции за осовременување и модернизација на своите стопанства.
Во вториот квартал годинава се запишани 2.163 хипотеки во вкупна вредност од 268.060.621 евра. Во Центарот за катастар на невдижности Скопје се впишани 1.394 хипотеки, со вредност од 120.427.838 евра, а во останатите катастарски одделнија 1.237 хипотеки, со вредност од 147.632.782 евра, покажуваат податоците на Регистарот на цени и закупнини.
Министерот за финансии Драган Тевдовски оствари средба со Алберт Герард, поранешен министер за надворешни работи на Холандија и со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Вилем Ваутер Пломп.
Странските директни инвестиции во првите шест месеци од годинава достигнаа 327 милиони евра или 218 отсто повеќе од просекот во последните три години.
Шест милиони евра инвестиција и вработување на околу 300 лица треба да биде билансот од најновата турска фабрика во Македонија „Чагатај Кабло“ што денеска и официјално почна со работа.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во својата цврста определба за поттикнување на развојот на пазарот на хартии од вредност, се препознава како еден од главните учесници во тој процес.
Министерството за економија предлага да се зголемат тарифите што треба да ги плаќаат концесионерите на рудниците за искористување на просторот и експлоатација на рудата.