Зголемување на извозот на домашните преработувачки капацитети, поттикнување на нивниот развој и поврзување на фирми од пазарот на еврозоната, ќе се постигне со денеска потпишаниот меморандум за соработка со ИФЦ, членка на Групацијата на Светска банка
Државниот завод за статистика бележи зголемување на просечната исплатената нето и бруто плата во април годинава во однос со истиот период лани.
Поддршка за одржливите фискални и економски политики доби Владата од извршниот директор на Светска банка Кун Дејвидсе, кој денеска се сретна со премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски.
Ќе се надградува студијата за изградба на „Чебрен“ и ќе се обновува тендерската документација. Проектот вреден половина милијарда евра повторно ќе заживее, во вид на јавно-приватно партнерство.
Од денеска со недела земјава е домаќин на Состанокот на Конституенцата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светска банка (СБ) во која членува нашата земја. Организатори на состанокот се Министерството за финансии и Народната банка, на кој ќе учествуваат меѓународни експерти кои ќе дискутираат за клучни економски теми.
Решенија за исплата на средства за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија додели денеска министерот за економија Крешник Бектеши на претставници на компаниите кои аплицирале на јавниот оглас за субвенции.
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска учествува на Innostart форумот, што се одржува во Софија.
Задоволството на граѓаните од цените и квалитетот на услугите во мобилната телефонија и интернетот, ќе бидат презентирани денеска на информативна средба со медиумите што ја организираат Евротинк – Центарот за европски стратегии, НВО Инфоцентарот, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Националистичките сили ќе зајакнат на Балканот ако Албанија и Северна Македонија до есенва не добијат зелено светло да ги почнат преговорите за приближување со ЕУ.
Сојузот на синдикати на Македонија ја поздрави владината мерка за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не надминуваат нето износ од 22 илјади денари.