Центарот за европски стратегии-Евротинк во партнерство со Фондацијата „Метаморфозис“ во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, финансиран од ЕУ, го објавија вториот јавен повик за мали грантови за граѓански организации во партнерство со медиуми.
Патиштата се крајно важни за интеграцијата на Северна Македонија на регионалниот и европскиот пазар. Не станува збор само за цена, туку и за квалитет. Сите веќе откривме дека некогаш е многу скапо да си сиромашен, порача денеска францускиот амбасадор Кристијан Тимоние пред македонските и француските градежни компании на презентацијата што се одржа во Јавното претпријатие за државни патишта.
Како што соопшти неговиот Кабинет, Џафери истакна дека ваквите посети на високо ниво и добрите политички односи носат со себе и голема придобивка за граѓаните, а тоа е проширување на економската соработка.
Овој проект се очекува да придонесе за економски раст и да го поттикне отворањето на работни места во регионот на Југоисточна Европа преку обезбедување на поконкурентни, интегрирани и производи со поголема додадена вредност на домашните компании
Република Северна Македонија, се препознава како атрактивна дестинација за инвестиции и постои голем интерес од реномирани компании за инвестирање, изјавија премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев
Павлина Димовска правен советник на проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива вели дека мора да се обезбеди правна заштита, како и владеење на правото.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недостигот на квалификувана работна сила со 26 проценти, недоволната странска побарувачка со 16,8, недоволната домашна побарувачка со 14,4 и неизвесното економско опкружување со 10,8 отсто.
Компаниите од земјите на Западен Балкан минуваат 10 пати подолго време на граничните премини што значи шест пати поголеми трошоци за извоз. Тие се соочуваат и со отворени прашања во однос на примената на европските прописи и стандарди, а прилагодувањето на нивното работење кон овие нормативи е потенцијална можност за дополнителни проблеми.
Буџетот е ликвиден и сите плаќања се извршуваат навремено, а приходите во буџетот за првите пет месеци се зголемени за 6,6 отсто, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.
Во Северна Македонија трендовите покажуваат постепена стагнација, односно намалување на степенот на нееднаквоста, вели гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.