Управата за јавни приходи денеска и утре е домаќин на Форумот за имплементација на мерките за борба против даночната евазија (Base Erosion and Profit Shifting – BEPS).
Законот за платежните услуги и платните системи што заеднички го изработуваат Министерството за финансии и Народната банка ќе овозможи либерализација на пазарот на платежни услуги и влез на небанкарски институции.
Од Агенцијата за супервизија на осигурувањето наведуваат дека во последно време граѓаните се заинтересирани да го осигуруваат својот дом и од ризикот земјотрес. За да се осигура од кражба домаќинот треба да плати исто така дополнително од оние седум основни ризици.
Владата на седница ја разгледа и усвои Информацијата согласно која е донесена Одлука за висината и начинот на наплата на надоместот за употреба на пат – патарина.
Меѓу осум и 10 милиони евра им се на располагање на земјоделците преку ИПАРД 2 програмата со мерката „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ за којашто денеска е објавена најава за повик. Во наредните 30 дена земјоделците ќе може да ја подготват неопходната документација и барања за да аплицираат.
Финансиските технологии и иновации му даваат нов изглед на финансискиот сектор, создаваат нови даватели на услуги, деловни модели, нови производи и решенија, со што се менува целиот финансиски екосистем.
Во првото тримесечје од годинава има 9.100 слободни работни места, објави денеска Државниот завод за статистика.
Од еден до еден и половина денар се намалува малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисијата за енергетика.
Трговијата на големо и мало и поправка на моторни возила и мотоцикли се најпривлечни сектори во кои се отвораат нови петпријатија. Податоците на Државниот завод за статистика покажува дека од новосоздадените 6.321 претпријатие 30,2 отсто се во овој сектор.
Во првиот квартал годинава во споредба со истиот период лани трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 4,3 проценти, трошоците за материјали се повисоки за 1,7 проценти, а за вработените се повисоки за 11,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.