Растот на платите е, и останува, приоритет на Владата на Република Македонија. Просечната нето плата во месец мај порасна за 7,1 отсто во однос на истиот месец претходната година.
Наместо по четири шлепери дневно, Македонија од 18 јули речиси воопшто не извезува овошје и зеленчук во Косово. По воведувањето на одлуката за зголемување на царините за 30 отсто, пласманот, од вообичаените 100 - 150 тони се сведе на нула, велат стопанствениците.
160.000 евра од Фондот за иновации легнале на сметката на „Каст инвест“, компанија во која вицепремиерот Кочо Анѓушев е косопственик. Од неговиот кабинет за Алфа велат дека немало ништо спорно во ова.
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски и директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов потпишаа Меморандум за соработка.
Министерот за економија Крешник Бектеши упати писмо до Секретаријатот на ЦЕФТА и до министерот за трговија и индустрија на Република Косово Бајрам Хасани во кое бара укинување на одлуката за зголемување на царините за 30 отсто за увоз на одредени видови овошје, зеленчук и пченка.
Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ денеска беше во работна посета на „Прилепската пиварница“.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај годинава изнесувала 24 509 денари, и е за 7,1 отсто повисока од мај 2017-та, соопшти Државниот завод за статистика.
Воведување бродски линии Охрид-Струга, повеќе кружни тури низ Охридското Езеро и културни манифестации, како и поголема промоција на природното богатство ќе ја зголемат туристичката понуда на охридско-струшката ривиера, сметаат хотелиерите.
АД ЕЛЕМ продаде 12.000 мегават-часови вишок електрична енергија по просечна цена од 66.34 eвра за мегават час.
Македонија и официјално, со допис до ЦЕФТА, ЕУ и Владата на Косово, побара повлекување на времената одлука за зголемување на царините за увозното овошје и зеленчук. Ако Косово не ја повлече одлуката, Владата на Република Македонија ќе преземе мерки за заштита на домашното производство, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).