Делегација од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) од утре ќе престојува во четиридневна посета на Македонија и ќе има средби со владини претставници, бизнис лидери и граѓански организации.
Достигнувањата на македонскиот градежен сектор во следењето на европските трендови во градежната индустрија во делот на енергетската ефикасност и одржливост ќе бидат презентирани на отворената сесија на состанокот на конзорциумот на Проектот „BIMcert“, што ќе се одржи денеска во просториите на Стопанската комора на Македонија во организација на Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика (ИЕГЕ) од Скопје.
Се додека нема образложение на основа на што премиерот посочи дека ќе им се отпише долгот од 110 милиони евра за струја на 200 илјади семејства и граѓани, оваа мерка може да биде третирана како шпекулација, смета универзитетскиот професор Зоран Ивановски.
Како тогаш премиерот дојде до овие две бројки, е нејасно за Бошњаковски, ама вели дека за сега, најавата на Заев е демонстрација на добра волја.
Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил напиша дека многу скоро ќе станеме дел од НАТО – безбедна држава, и оти државата ќе ја биде.
Десет години и беа потребни да ја реализира идејата, а последните две неповолните временски услови целосно и го уништија родот на гравчето. Но, и покрај тоа, Сузана Димитриевска од Мустафино не се откажува од органското производство. Оптимистички и без какво било двоумење продолжува да одгледува градинарски култури, овошје, зеленчук, грозје.
Прилепските земјоделци покажуваат голем интерес за ИПАРД – програмата за набавка на приклучна механизација, констатираат во Агенцијата за унапрување на земјоделството во Прилеп кои, аедно со подрачната единица на Министерството за земјоделство, им помагаат на земјоделците да ги подготват документите за аплицирање, зашто огласот е отворен до 9 февруари.
Парите за грозје предадено пред неколку години најдоцна до крај на февруари, субвенции до Свети Трифун. Вака се обратија кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и министерот за земјоделство Љупчо Николовски пред тиквешките лозари на градскиот плоштад во Кавадарци.
Правото мора да владее, рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски за време на посетата на Кавадарци, прашан да ги коментира кривичните постапки против тројца поранешни министри и еден заменик-министер за земјоделство.
Има решение и за каматите и судските трошоци на лозарите кои побаруваат пари за грозје продадено пред неколку години, истакна денеска пратеникот Панчо Минов, откако претходно министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во Кавадарци соопшти дека државата ќе го исплати стариот долг што го имаат винарници кон лозарите.