Македонскиот министер за локална самоуправа Горан Милевски и српската министерка за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ денеска во Лесковац свечено го означија почетокот на Првиот јавен повик за проекти за прекугранична соработка меѓу Македонија и Србија, за што од Програмата ИПА 2 на ЕУ ќе бидат обезбедени 3,5 милиони евра
Индустриското производство во јуни годинава во однос на јуни лани бележи намалување од 2,7 отсто, вкупно за периодот јануари-јуни годинава има раст од 4,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистик
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска заедно со заменик-министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески и Фрек Јанмат од Делегацијата на ЕУ во земјава го објавија првиот повик за проектни предлози во рамки на ИПА 2 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Србија 2016 – 2020
Развојните планови на компанијата за реализација на нови инвестиции во проширување на производството, како и владините политики за поддршка на стопанството и измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите беа тема на разговор на министерката Апостолска со менаџментот на компанијата
Вкупно 45 компании денеска добија сертификат „Фер за потрошувачот“ за компании со јасно дефинирани правила за заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите, со фер пазарни практики и спогодбено решавање поплаки и спорови, како и кои ја штитат приватноста на потрошувачите и се грижат за влијанието на производите врз животната средина
На настанот најавено е обраќање на министерот за економија Крешник Бектеши, на претставник од Делегацијата на Европската Унија, од бизнис заедницата, државни органи и од граѓански организации
Кај „Супер Тинекс“ – Годел, на ул. „Перо Наков“ во Скопје, денеска ќе биде отворен штанд на проектот „Мој ДДВ“, преку кој на граѓаните им се враќа 15 отсто од пресметаниот ДДВ
Верувам дека минималната плата во државата може да порасне повеќе од 13.000 денари со легализација на нелегалниот дел, односно преку елиминирање на плаќањето на дел од платата во кеш, но и со помагање од страна на државата преку придонесите за сите кои ќе одлучат да ги зголемат платите на своите работници, порача денеска премиерот Зоран Заев
Реализација на над 80 отсто од капиталните инвестиции до крајот на годината очекува премиерот Зоран Заев, кој е задоволен и од реализацијата во првото полугодие
Цената на стандардниот приклучок за електрична енергија од 1 септември годинава ќе се намали од 500 на 400 евра, а со новите мрежни правила за дистрибуција што наскоро ќе ги одобри Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе се зголеми опфатот на стандардни приклучоци, потврди денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски