Во првиот презентиран труд, Кочовска ги проценува детерминантите на најниско прифатливата плата кај младите во нашата земја, со акцент на поврзаноста со времетраењето на невработеноста. Податоците коишто таа ги користи произлегуваат од Анкетата за премин од училиште до работа за 2012 и 2014 година, при што е опфатена популацијата на возраст од 15 до 29 години.
Во октомври 2018 година БЕГ поднесе кривична пријава против Топлификација АД и нејзината фирма ќерка Дистрибуција на топлина ДООЕЛ за нанесување штета на имот на Република Северна Македонија во износ од околу 10 милиони евра.
Нето надворешниот долг на крајот на првиот квартал годинава изнесува 2.687 милиони евра, или 23,8 проценти од БДП и бележи квартално зголемување од 40 милиони евра (раст од 1,5 проценти)
Бројот на работниците во индустријата во мај годинава во однос на мај лани е намален за 2,5 проценти, а во периодот јануари – мај годинава, споредено со истиот период минатата година за 0,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити овој месец е непроменета во однос на април и изнесува 1,41 процент, додека во однос на мај минатата година е намалена за 0,05 процентни поени.
Фирмите од градежната дејност лани потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9.169. 835.000 денари, што е за 5,5 проценти помалку во однос на претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Одлуката за цената на струјата ќе важи до 30 јуни следната година, а на регулираниот пазар ќе нема потреба од увоз на електрична енергија.
Четиристотини педесет и пет домашни компании од јавниот повик за комерцијализација на иновации влегуваат во фазата на прво оценување. Од тие компании, 207 се микро, 221 мали, а 27 средни. Педесет и шест проценти од компаниите се регистрирани во главниот град, додека останатите се распоредени низ 30 општини од целата земја, информира денеска Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР)
Дебата за воведување иновативни образовни концепти на областа на одржливиот туризам ќе се одржи денеска во Скопје
Собранието вечерва во скратена постапка го донесе Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, чија цел, според Владата како негов предлагач, е намалувањето на даночната евазија.