Инфо сесија и презентација на Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации ќе се одржи денеска во Владата.

Инструментот на Фондот за иновации и технолошки развој е дел од вториот повик од Планот за економски раст на Владата. Наменет е за сите микро, мали и средни претпријатија и приватни здравствени установи со доминантна домашна сопственост кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес.

Најавени се обраќања на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, директорот на ФИТР Јован Деспотовски, како и претставници на компании добитници на грантови кои ќе ги споделат нивните искуства.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2019 09:24