Брендот на телекомуникациската компанија Вип во текот на годинава ќе биде сменет во А1. Вип e член на А1 Телеком Австрија Групацијата, од каде во 2017 година објавија дека постепено ќе го воведува А1 брендот за сите свои компании.
Министерот за финансии Драган Тевдовски смета дека се направени сериозни резултати во делот на намалувањето на јавниот долг. Според него, јавниот долг е стабилизиран и спречено е да расне во иднина.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев смета дека е остварлив планираниот економски раст од 3,2 проценти за годинава и покрај прогнозите на Светска банка дека тој ќе достигне 2,9 проценти, а очекувањата, како што вели, ги темели на реалните факти од првиот квартал.
Во рамки на Република Чешка- Македонија бизнис форумот кој се одржува вчера и денес во Скопје, министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ оствари средби со делегација на Република Чешка предводена од заменик министерот за индустрија и трговија г-дин Едвард Мурицки, како и со претставници од преку 20 чешки компании.
Бизнисмени од Грција кои учествуваа на вчерашниот форум во Скопје, а веќе се активни во Македонија, говорејќи за грчката новинска агенција АНА-МПА велат дека се задоволни од бизнис климата и соработката кај нас, јави дописничката на МИА од Атина.
Изградбата на објектот што ќе произведува чиста енергија од обновливи извори на енергија се планира за почетокот на септември годинава, а првите произведени киловатчасови на почетокот на следната година.
Не е доволно само да се криераат политики кои ќе создаваат раст на БДП. Потребно е и плодовите на растот да се распределуваат праведно, односно да се зголемува животниот стандард на сите граѓани, а не само на мал дел од нив.
Зацврстување на деловните релации меѓу Северна Македонија и Република Чешка како и зголемување на трговската размена, предвидува Меморандумот што го потпишаа вчера претседателите на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Данела Арсовска и на Конфедерацијата на индустрија на Чешка, Јарослав Ханак.
По повод ден на Буџетот денеска во Собранието ќе се одржи годишна конференција на тема „Фискални реформи за праведен раст“.
Од стагнација во меѓусебните односи, двете земји сега може да соработуваат и ги искористат можностите и да се отстранат пречките за позасилена економска соработка. Ова го посочија премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во поздравните обраќања на Бизнис форумот Македонија-Грција што се одржува попладнево во Скопје