Сите ние досега чмаевме, седевме и чекавме некој друг да ни го реши проблемот. Со ова што го направивме последно, јасна е иднината на Македонија во НАТО и ЕУ. Апсолутно ништо не сме направиле ако тоа сега не го искористиме да направиме подобра економија и граѓаните да живеат подобро, порача денеска вицеремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Заклучно со декември 2018 година, Министерството за финансии изврши поврат на ДДВ на фирмите во висина од 23,1 милијарда денари или 375,6 милиони евра. Тоа е за 3,7 милијарди денари или 60 милиони евра, односно за 19,3 отсто повеќе во однос на претходната година, информираат денеска од Министерството за финансии.
Конзервната индустрија во Македонија се соочува со недостиг од суровини, но и работници. Тоа, сметаат вклучените, негативно ќе влијае на работењето на оваа индустрија.
Македонија лани во ноември вкупно потрошила 669.987 мегават часови електрична енергија, 27,556 милиони нормални кубни метри природен гас, 565.853 тони јаглен и 83.099 тони нафтени продукти.
Покачувањето на платите на вработените во градинките продолжува и во 2019 година. Со измените на Законот за детска заштита коишто се во собраниска процедура и треба да се најдат на гласање пред пратениците е предвидено покачување на платите на кадарот во градинките.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска ќе извршат увид во изградба на Центарот за контрола на наплатните станици и наплатната станица Петровец.
Лозарите бараат Фонд за исплата на грозје, за винариите да не ги манипулираат како во минатото, бидејќи некои од нив се уште немаат земено пари за родот од пред неколку години, информираат од Здружението “Напредни лозари”.
Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска одржа работен состанок со претставници од здружението на лозари , винарската визба „Повардарие“, стечајниот управник на винарницата „Гарланд Агрофуд“- (Стефанс винарија), градоначалниците и пратениците од Тиквешкиот регион.
Ако се постигне договор до април 2019 година, веќе во јули би почнало намалувањето на цените на роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, а воопшто не би се плаќал од 2021 година, порача денеска во Брисел генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу, обраќајќи им се на учесниците на втората рунда преговори за нов регионален договор за роамингот.
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, заедно со тимот кој работи на проектот „Развој и реинженеринг на деловни процеси за новиот интегриран даночен ИТ систем“, денеска пред претставници на повеќе државни и јавни институции, како и правосудни органи, ги образложија целите на проектот, очекувањата и резултатите што ќе се постигнат прeку целосна имплементација на оваа значајна реформа.