Такви ветување денеска изнесоа премиерот Зоран Заев и владиниот економски тим, кои ветуваат патишта за внатрешно и поврзување на државата со соседите, со цел побрзи транспортни услуги и за граѓаните и за компаниите.
Македонија, наместо со економски промотори, преку три концентрирани центри на светот ќе му ги презентира можностите што се нудат во земјава за странските инвестиори, како и производите што се произведуваат во државата, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Министерството за труд и социјална политика преку фондот на ПИОМ обезбедува и во иднина ќе обезедува редовна исплата, стабилен и континуиран раст на пензиите. Доказ за тоа се статистичките параметри што покажуваат евидентен раст на пензиите во Македонија. Така, во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, во 2017 година 13.954 денари, а во 2018 година 14.421 денари, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2018 година, изнесува 24.548 денари и бележи раст од 5,8 отсто во однос на ноември претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Преку овој систем, УЈП ќе ја подготвува и доставува на увид на граѓаните годишната даночна пријава, а тие пак ќе можат навремено да ја потврдат или да ја коригираат со краен рок до 31 мај 2019 година.
Градежниот сектор во четвртиот квартал од 2018 година имал поповолни очекувања за порачки, но има очекувања дека ќе се намали бројот на вработени, објави Државниот завод за статистика.
Станува збор за високософистицирани модуларни обуки во делот на претприемништвото и пет сектори што се опфаќаат во ИТ проектот, односно енергија, информатичките технологии, екологијата, животниот стил и високата технологија.
Центарот за управување со знаење, истражувачки центар кој работи во делот на иновациите, новите технологии и претриемништвото од денеска започнува тридневна обука за претприемништво во дигит секторот со учесници од пет земји на балканско медитеранската програма на Европската Унија.
Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва најави дека во наредните денови координаторот на пратеничката група на ДУИ Алими ќе повика јавна расправа што ќе се одржи во Собранието на Република Македонија за Законот за трговија на зелените пазари.
Премиерот Зоран Заев, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и претседателот на Националниот совет за ИКТ во Владата Владимир Цветковиќ денеска се сретнаа со генералната менаџерка на Мајкрософт за 24 држави од Централна и Источна Европа Анке ден Ауден.