Центарот за управување со знаење, истражувачки центар кој работи во делот на иновациите, новите технологии и претриемништвото од денеска започнува тридневна обука за претприемништво во дигит секторот со учесници од пет земји на балканско медитеранската програма на Европската Унија.

На обуката предвидено е присуство на околу 50 учесници од Македонија, Грција, Бугарија, Кипар и Албанија, а на настанот ќе се обрати министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, под чие министерство се координира спроведувањето на ЕУ Интерег балканско медитернаската програма во земјата.

Според организаторите, досегашната пракса покажува дека обуките во претприемништво и иновации се важен елемент од севкупниот еко систем за поддршка на иновациите. Целта на обуката е да се поддржат иновативните проекти во ИТ секторот, но во исто време да се овозможи и поширока соработка помеѓу компаниите во регионот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2019 10:24