Домашните компании од преработувачката метална инудстрија, но и сите поврзани компании во синџирот ќе претрпат штети од воведувањето на квоти за увоз во ЕУ што треба да се применуваат од почетокот на наредниот месец.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 2,5 денари, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 3,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за четири денари од литар, одлучи денеска Реулаторната комисија за енергетика.
Здружението на металургија при Стопанската комора на Македонија денеска ќе се произнесе за мерките на Европската комисија за ограничување на увозот на челични производи за следните три години.
Олеснување на трговската размена со земјоделски производи е темата на која денеска во Берлин разговараа министрите кои учествуваа на состанокот што го организираше Федералното министерство за земјоделство и храна и Постојаната работна група за регионален рурален развој – SWG.
Влезот во НАТО ќе делува како катализатор на економскиот раст во Македонија, вели министерот за финансии Драган Тевдовски. Тој во видеоизјава за медиумите посочува дека стабилноста и меѓународната позиција кои ги добива земјата со членството, кај земјите кои пристапиле кон Алијансата резултирале со повисоки инвестиции, поголема економска активност, намалување на невработеноста и подгинување на животниот стандард.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев оцени дека кредитниот рејтинг ББ со позитивен изглед за Македонија од страна на агенцијата „Фич“ е потврда за преземените активности, реформите и правилната насока по која се движи македонската економија.
Во рамки на Глобалниот форум за храна и земјоделство во Берлин, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска учествуваше на 11. Берлинска конференција на министри за земјоделство, на која е усвоено „Коминике 2019“ на тема „Земјоделството се дигитализира – Паметни решенија за идното земјоделство“.
Кредитната агенција „Фич“ го потврди водењето на успешна фискална политика, посочувајќи ги реформите во системот на јавните финансии како пензиската реформа, системот на јавни набавки и фискалното правило за општините, вели министерот за финансии Драган Тевдовски.
Aгенцијата „Фич” соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед, информираат од Министерството за финансии.
Најавите за предвремени парламентарни избори, што би се одржале заедно со редовните претседателски избори, ги раздвижија не само политичарите, туку и бизнисмените.