Економската состојба на деловните субјекти во преработувачката индустрија според оценката на нивните раководителите во декември 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, како и во однос на декември 2017 година.
Прометот во индустријата во 11-те месеци од 2018 година бележи раст од 16,1 отсто во однос на тој период претходната година. Раст од 15,1 отсто забележан е и во ноември 2018 во однос на ноември 2017 година, додека во однос на октомври 2018 има намалување од 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Оттаму посочуваат дека рокот за поднесување на понуди завршил минатата недела, а сега во тек е евалуација, односно проверка на докумeнтацијата на понудите и во рок од 45 дена се очекува да се склучат договорите со оние земјоделци кои поднеле комплетна и уредна документација.
Македонија е една од најатрактивните дестинации за инвестирање во Централна и Источна Европа и е на пат за побрза интеграција кон ЕУ, според американскиот фонд за управување со средства „Итон Ванс“, пишува Блумберг.
Одобрувањето на планот за реорганизација на ФЕНИ индустри од страна на судот во Велес, за ГСОЛ и Еуроникел значи ставање крај на несигурноста и проблемите во ФЕНИ и почеток на инвестиции и раст.
До 15 февруари е продолжен рокот за аплицирање за поврат на средствата за камати за реализирани инвестиции по ИПАРД Програмата со помош на кредити. Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информираат дека рокот е продолжен поради зголемениот интерес од страна на барателите кои во минатиот период, реализирале проекти од ИПАРД 1 и ИПАРД 2 Програмата со помош на кредит.
Во Скопје денеска на иницијатива на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и потпретседателот на Советот на министри на Бугарија, Томислав Дончев ќе се одржи бизнис форум на кој ќе учествуваат македонски и бугарски компании.
Апелациониот суд Скопје со Решение ТСЖ. бр.2741/18 го потврди Решението на Основен суд Велес со кое се одобрува Планот за реорганизација на стечајниот должник Друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги ФЕНИ ИНДУСТРИ АД Кавадарци - во стечај.
Од Велес и Лозово денеска стартуваше едукативната кампања за ИПАРД Програмата 2014-2020 во рамки на која ќе бидат организирани повеќе инфо денови, работилници и форуми низ целата територија на Република Македонија.
Амбициозност, трпеливост, упорност, барање пазари по светот, се пораките за успешност кои ги прати Симеон Наумовски, претседател на одборот на директори на АД „Витаминка“ Прилеп на денешната промоција на монографијата „60 години Витаминка“.