Оттаму посочуваат дека рокот за поднесување на понуди завршил минатата недела, а сега во тек е евалуација, односно проверка на докумeнтацијата на понудите и во рок од 45 дена се очекува да се склучат договорите со оние земјоделци кои поднеле комплетна и уредна документација.
Со овој јавен повик за разлика од огласите за давање под закуп на државно земјоделско земјиште, од МЗШВ велат дека им овозможиле на сите заинтересирани, доколку имаат информации каде има слободна земја, самоиницијативно да пројават интерес преку подготовка на геодетски елаборат и прибирање на сите потребни документи пропишани со јавниот повик.
Овој процес, како што посочуваат од Министерството, се одвива паралелно и со континуирани јавни огласи за издавање на државно земјоделско земјиште и претставува една силна заложба на Владата и на МЗШВ, максимално да се зголеми обработената земјоделска површина во државата, а со тоа и вкупното земјоделско производство.
-Паралалено со јавниот повик течеше и огласот за давање под закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари, што меѓудругото е наменет за инвестиции во преработувачки капацитети, а за кој рокот за поднесување на документација заврши денеска. Конечната бројка на пристигнати апликации за овој јавен оглас над три хектари ќе се знае следната недела бидејќи се очекува да пристигнат апликации и по пошта, се наведува во соопштението од МЗШВ.