Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ги посети откупните пунктови за тутун во скопскиот регион, каде се сретна со тутунарите и разговараше за состојбата со откупот на тутунот.
Република Бугарија утре во Скопје отвора трговско претставништво, а на церемонијата ќе присуствуваат заменик-министрите за економија на двете земји, Кире Наумов и Александар Манолев.
Прилагодување на образовните програми, практична настава во соработка со бизнис заедницата во насока на успешна социјална инклузија на пазарот на труд на учениците од средното државно училиште ,,Св. Наум Охридски, се дел од активностите кои ќе се реализираат во соработка со Сојузот на стопански комори на Македонија.
Македонски компании ќе можат бесплатно да учествуваат на КОНЕКСТ – првиот индустриски состанок на Конфиндустрија Италија која обединува над 160 илјади италијански компании, а ќе се одржи во Милано на 7 и 8 февруари годинава.
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 80. седница на која единствена точка на дневен ред е Предлог законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по скратена постапка и со европско знаменце.
Воспоставувањето цврст и ефикасен систем за заштита на националните финансиски интереси и на финансиските интереси на ЕУ, преку ефикасно следење на фалсификувањето евра е целта на твининг лајт проект, кој се спроведува од 1 ноември минатата година со парични средства од Европската унија, во износ од 250 илјади евра.
Програмите за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2019 година и за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година, предложени од Министерството за економија денеска беа усвоени на Владина седница.
Министерството за економија за годинава има одвоено 53 милиони денари за Програмата за конкурентност, иновативност и претприемништво. Програмата, како што информира министерот за економија Крешник Бектеши, годинава ќе се спроведува во четири делови.
Мала економија како Република Македонија не може да има избори секоја година, но тоа е политичка одлука, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Стопанската комора на северозападна Македонија апелира до нејзините членки да аплицираат за искористување на финансиските средства од ИПАРД Програмата. Од Комората велат дека им стојат на располагање на компаниите за стручен совет и помош околу изработката на проектите и процесот на аплицирање.