Пораст на домашниот бруто-производ (БДП) во Македонија од 2,9 отсто во 2019 година предвидува Светската банка во најновиот јануарски извештај, што е сигнал дека тешко ќе се остварат најавите на Владата дека годинава ќе биде економска година.
Следниот месец ќе биде објавен тендер за изградба на првата делница од автопатот Скопје-Блаце, а градежните работи се очекува да стартуваат во вториот квартал годинава, објавија денеска на прес-конференција вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за транспорт Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.
Почеток на изградбата на делницата Стенковец – Блаце од автопатот Скопје – Блаце ќе биде најавен денеска на прес-конференција во владиниот Секретаријат за европски прашања.
Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија смета дека е потребно да се одложи или целосно да се укине Законот за трговија на зелени пазари врз работата на организаторите на пазарите кој е во примена од почетокот на годинава.
За три недели односно на 29-ти овој месец истекува рокот за поднесување на барања за мерката 3 во делот на ИПАРД програмата „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“. Рокот за поднесување на барања за мерката 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ истекува на 9-ти февруари.
Даночните обврзници кои во претходната календарска година оствариле вкупен оданочлив промет од вршење стопанска дејност повисок од милион денари имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01) најдоцна до 15. месецов, соопшти денеска Управата за јавни приходи (УЈП).
Оваа година ќе биде година на финансиска консолидација на општините, обезбедување на нивна поголема функционалност и подинамичен рамномерен регионален и локален развој, со подобрување на комуналната инфраструктура и условите на живеење, особено во помалите и руралните општини, рече на денешната прес-конференција министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу претставувајќи ги годинашните активности и проекти на ресорното Министерство.
Годинава ќе стартува регистарот на вистински сопственици со кој ќе се евидентираат физичките лица, сопственици на правни субјекти кои ги поседуваат или контролираат фирмите. Ова беше истакнато на денешната работна посета на министерот за финансии Драган Тевдовски на Управата за финансиско разузнавање. Инаку, оваа новина е дел од новиот донесен Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам, кој е согласно европската регулатива.
Огласените нови вработувања во Царинската управа на Македонија се поради зголемен обем на работа. Тоа е нормален процес кој треба да ги зајакне капацитетите во работењето согласно со новите надлежности и претстојните преговори со Европската унија, оценија денеска директорот на Царинската управа Ѓоко Танасовски и премиерот Зоран Заев.
„Европа“ ад Скопје е компанијата која доби прво одобрение за овластен економски оператор од Царинската управа согласно стандардите за безбедност и сигурност.