Премиерот Зоран Заев и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски денеска во Владата ќе го доделат првото Одобрение за Овластен економски оператор.
Од МТСП ги повикуваат работниците неисплатата на К-15 да ја пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот инспекторат за труд 15 131.
Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека 2019 година ќе биде година на економски раст, особено ако помине процесот на уставните измени.
Сите индикатори ни даваат за право да ја прогласиме 2019 како година на економски раст и веќе во првиот квартал очекуваме раст од четири проценти. Ако навистина го фатиме патот на НАТО и Европската унија Македонија има одлични шанси за економски раст кој граѓаните ќе го почувствуваат вистински, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во централниот дневник на ТВ Сител.
Тоа што одиме со проекција за раст на БДП од 3,2 отсто за 2019 година, што е многу блиску до проекциите на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), а е пониско од проекцијата на Народната банка на РМ (НБРМ), покажува дека имаме кредибилна проекција, истакна министерот за финансии Драген Тевдовски во коментар на последните оценки на Светска банка
ДДВ обврзниците имаат рок до 15 јануари доброволно да се регистрираат во системот на данок на додадена вредност и да ги поднесат документите на увид во Управата за јавни приходи (УЈП). За да оценат граѓаните дали спаѓаат во групата на ДДВ обврзници од денеска на веб-страницата на УЈП им е достапен водич со детални објаснувања преку кои на пластичен начин можат да оценат дали подлежат на обврската или не.
Вкупно 25 милиони евра во рамките на два повици од ИПАРД 2 програмата им стојат на располагање на земјоделците, информираше директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.
Државниот инспекторат за труд прави засилени контроли во приватните фирми за исплата на К-15 на вработените. Надзорот, што почна од почетокот на годината, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика, ќе се спроведува до крајот на февруари, а инспекторите ги посетуваат правните субјекти од сите дејности, вклучувајчи ги и фабриките за производтсво на текстил и чевли.
Измената и дополната на Законот за минерални суровини се предлага заради долгорочна заштита на животната средина и здравјето на населението кое живее во близина на наоѓалишта на минерални суровини и рудници и за да се спречи примена на технологии што користат опасни супстанци.
Македонија минатата година забележа економски раст од 2,5 отсто, а во 2019-та ќе достигне 2,9 проценти, објави Светска банка во јануарскиот Глобален економски извештај.