Премиерот Зоран Заев и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски денеска во Владата ќе го доделат првото Одобрение за Овластен економски оператор.
Овластен економски оператор (ОЕО) е меѓународно признаена марка за квалитет, која укажува на тоа дека економските оператори во Република Македонија (производители, извозници, увозници, шпедитери, транспортери) во меѓународниот синџир на снабдување се безбедни и сигурни и дека нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласени.
Овластениот економски оператор користи олеснувања во поглед на царинските контроли поврзани со безбедноста и сигурноста и/или поедноставувања пропишани со царинските прописи.