Речиси 100 проценти од даночните обврзници што требаше да се регистрираат во електронскиот систем е-Персонален данок тоа го направиле во законскиот рок до 31 декември 2018 година, информираат од УЈП.
Реални и одржливи економски перспективи, со повисоки плати, нови вработувања и инвестиции, најавуваат за годинава премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски.
Даночната реформа за мнозинството граѓани ќе значи даночно олеснување, односно од годинава ќе плаќаат помалку даноци од лани, порачува министерот за финансии Драган Тевдовски.
Заокружување на процесот на уставните измени, членство во НАТО и почетокот на пристапните преговори со ЕУ, и претседателските избори се настаните кои се очекува да ја обележат новата 2019-та за Република Македонија.
Греењето со огревни дрва се уште е економски најисплатливо во деловите од земјава каде нема централно греење, а греењето со електрична енергија е еколошки најприфатливо, оценуваат експертите. Според нив, грејната сезона во Македонија најчесто трае шест месеци, од кои во три е неопходно поинтензивно греење, додека во останатите најчесто се сведува на делумно загревање на просториите.
Новиот Закон за енергетика и Законот за финансиска поддршка на инвестициите се двете главни новини што ги воведе економскиот сектор на Владата во изминатата 2018 година.
Очекувања за раздвижување на македонската економија во наредната година имаат и домашните и меѓународните институции. Проекциите и на домашните и на меѓународните институции се меѓу 2,8 и 3,5 отсто, а главни двигатели на растот ќе бидат домашната побарувачка и извозот.
Ќе се почне со околу 130 државни обврзници со номинална вредност од 900 милиони евра при што каматните стапки на издадените обврзници се движат од 0,9 до 5,3 проценти. Од овие 130 обврзници доминираат 10-годишни обврзници и 15-годишни околу 115 обврзници.
И во 2019 година ќе бидат одржани макроекономската стабилност и стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем, порачува гувернерката на Народната банка на Република Македонија во честитката по повод Новата 2019 година.
Истекува крајниот рок до кој граѓаните треба да се регистрираат на системот за електронска даночна пријава во Управата за јавни приходи. Граѓани кои досега го немаат сторено тоа, може да го направат уште денесka.