Објавен е јавен оглас за давање во закуп над три хектари државно земјоделско земјиште, соопшти денеска ресорниот министер Љупчо Николовски.
Облеката, обувките и секој друг производ што нема гаранција, а покаже каква било недоследност, всушност може да се рекламира, замени или врати во период од најмалку шест месеци, но само ако не е користен и ако амбалажата и фискалната сметка се зачувани.
Конференција на тема „Функција и примена на Законот за вршење на сметководствени работи“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Комора на сметководители на Македонија.
Жителите на Луксембург и Германија имаат највисок животен стандард во ЕУ, додека на дното се Унгарија, Хрватска и Бугарија, покажува истажување на Евростат.
Македонија го има приматот од земјите во регионот со производи според најсовремената, нано-технологија, за градежништвото и заштитата на енергијата во објектите. За три години, Фондот за иновации, во два наврата поддржа проекти за производство според нано-технологиите за овие области.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски денеска, како дел од Саемот за кариера, пред младите во Битола ја презентираа новата мерка од Оперативниот план за вработување што се однесува на брзорастечките иновативни бизниси.
Бизнис заедницата од Струмица денеска ќе се запознае со новиот Закон за прекршоци.
Македонскиот банкарски сектор најголема ефикасност покажува во 2007 година, а најниска во 2011 година, покажува анализата направена во рамки на трудот „Оценување на ефикасноста на банките во Република Македонија: Непараметарски пристап“ од д-р Катерина Фотова-Чиковиќ и д-р Виолета Цветкоска, што вчера беа презентирани во рамки на 31. сесија на Клубот на истражувачи на НБРМ.
Македонија денеска потпиша договор со кој преку Европската банка за обнова и развој доби грант од Европската унија во висина од 68,6 милиони евра кои ќе бидат наменети за изградба на втората делница од Бељаковце до Крива Паланка од железничката пруга кон Бугарија.
Владата на Република Македонија на денешната, 109-та седница, го усвои Дополнетиот Предлог – Буџет на Република Македонија за 2019 година, усогласен соодветно на амандманите што произлегоа од расправата за буџетот во Собранието.