Годинава сушата си го зема својот данок во делот на житото и житните производи. Вака вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска го образложи поскапувањето на, како што истакна, само најевтиниот леб.
Растот од три проценти на БДП во третиот квартал годинава во однос на третиот квартал лани е повеќе од прогнозите што ги имаа одредени институции. Тоа нам ни дава надеж дека ќе бидат достигнати последните прогнозирани бројки за растот на економија, а за наредниот период се очекува раст и кај градежништвото, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува сериозно интензивирање на активностите на автопатот Кичево-Охрид следната година и тој да биде готов во предвидениот рок до јуни 2021 година.
Со 2,5 милиони евра, од кои милион евра како грантови обезбедени од Светска банка преку повик на Фондот за иновации и технолошки развој, во наредните две години ќе се спроведат проекти за технолошка екстензија во десет компании.
Растечкиот тренд во македонскиот туризам и неговиот потенцијал бараат соодветни стандарди, од квалитет на услугите, преку лиценци и категоризација на објектите, до регулирање на областа заради спречување на нелојалната конкуренција и севкупно подобрување на фактичката состојба.
Претседателот на УПОЗ Пеце Грујовски верува дека многу скоро во скратена постапка ќе бидат донесени измените на Законот за судска служба и оти додатоци за плата редовно ќе примаат и судските службеници. Очекува дека до вторник ќе се сретнат со премиерот Зоран Заев и ќе најдат решение за проблемот со судските службеници и неисплатата на средствата од штрајкот во 2016 година, бидејќи во спротивно, ќе стапат во штрајк.
Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2018 година е три отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
„Вага“, „Скорпија“ и „Стрелец“ се новите ковани пари за колекционерски цели што ги издаде и ги пушти во оптек Народната банка на Република Македонија (НБРМ).
Промоција на добитници и потпишување договори за доделување кофинансирани грантови за технолошка екстензија од првиот јавен повик на Фондот за иновации и технолошки развој, ќе се одржи денеска во Медија центарот на Владата.
Случаи на добри практики за зелена економија ќе бидат презентирани денеска во ЕУ инфо центарот во Скопје.