Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, вчера во име на Владата на Република Македонија во Загреб со Меѓународниот економски форум „Перспективи” од Дубровник, Република Хрватска, потпиша „Протокол за партнерство и соработка”, со кој се прифаќа иницијативата Република Македонија да биде земја домаќин на вториот „Светски конгрес на претприемачи” во 2019 година.
Косовското воведување царински давачки од 100 отсто кон Србија и БиХ не се очекува да предизвика позначајни негативни ефекти и нарушување на македонската економија. Дури, како што оценува Стопанската комора на Македонија, можно е нашите земјоделски производи кои веќе ги има на пазарот во Косово да бидат позастапени.
Конференција за СПА туризам и Третата туристичка берза 2018 ќе се одржат денеска и утре во Скопје, во организација на Министерството за економија и Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија.
На денешната седница Владата донесе одлука за воведување на нова интервентна мерка за земјоделците производители на ориз. Конкретно, земјоделците ќе добијат 5 денари за килограм произведена и предадена оризова арпа во регистрирани откупувачи.
За десет до 20 отсто или од 15 на 18 денари е зголемена цената на некои видови леб. Причината за ваквиот потег, според мелничарите, е поскапувањето на пченицата и брашното од жетвата досега за 40 проценти.
Дополнителни пет денари за килограм оризова арпа произведена и предадена во преработувачки капацитети од 1 октомври до 25 декември годинава, обезбеди Владата.
Повеќе од 90 студенти со свои научни трудови учествуваат на шестата Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој (СКЕОР), која се одржува на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
Од вкупното производство на храна, Македонија може да извезува 87 отсто, а со 13 проценти може да ги задоволи домашните потреби, но нема доволно преработувачки капацитети, слаб е пристапот до странски пазари, а се поизразени се и климатските промени, беше речено на денешната прес-конференција на која се потпишаа договорите за четирите нови регионални проекти на ФАО.
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Европската централна банка (ЕЦБ) склучија меморандум за соработка во сферата на супервизијата. Согласно неговите одредби, соработката меѓу двете институции ќе биде насочена кон обезбедување ефективна размена на супервизорски информации, имајќи ја предвид домашната и меѓународната регулатива, вклучително и основните принципи за ефикасна банкарска супервизија донесени од Базелскиот комитет.
Генерална менаџерка од Македонија е добитник на наградата „Најжена на 21.век“ на манифестација одржана во Белград, Србија. Добитничка на наградата е Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенцијата „Марили“.