За решавање на проблемот со оризопроизводството потребни се системски мерки и политики на долг рок. Заради трендот во последните 10 години на значително намалување на засадените површини под ориз, годинава се исплатени зголемени субвенции за 300 проценти, а мерките веќе даваат резултати, рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Индустриското производство во октомври годинава бележи раст од 6,4 отсто во однос на септември годинава, а за периодот јануари-октомври растот е 5,2 отсто во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика.
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, меѓународната невладина организација Македонија 2025 и адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ, поднесоа барање до Собранието на Република Македонија за автентично толкување на член 14, став 3, точка 1 и 5 од Законот за данок на додадена вредност.
Предвидените средства ќе се доделат на печатените медиуми, кои се издаваат на македонски јазик во висина од 50 отсто од направените трошоци за печатење и 50 отсто за направените трошоци за дистрибуција. За медиумите кои се издаваат на јазиците на етничките заедици ќе се доделуваат средства во износ не помал од 50 отсто и не поголем од 70 отсто за направените трошоци за печатење и за дистрибуција.
Во Буџетот за 2019 година има 10,2 милијарди денари повеќе средства за здравство, образование и социјална заштита. И годинава во Буџетот за овие намени има алоцирано повеќе средства во однос на минатата година.
Македонија има потенцијал да стане земја со високи приходи, за што е потребен одржлив економски раст, како и да го искористи историскиот момент за решавање на спорот со името и забрзување на евроатланската интеграција.
Конфедерацијата на слободни синдикати не се согласува со зголемувањето на платите во јавната администрацијата од септември следната година, и бара тоа да се случи уште во јануари. За нив е неприфатливо и зголемување на платите за пет проценти, како што е предвидено во Предлог-буџетот за 2019 година.
За првпат во Македонија, трговците избраа 100 брендови што секоја подобро снабдена продавница треба да ги има на своите полици во 2019 година. Изборот е во организација на магазинот „In Store“, специјализиран магазин за трговија со стоки за широка потрошувачка.
Компаниите, особено извозно-ориентитираните, треба да имаат статус на овластен економски оператор (ОЕО) што ќе им овозможи олеснети царински постапки не само во Македонија, туку и во регионот. Aко компанијата е извозно ориентирана и има ваков статус тоа значи дека нивните производи директно од фабрика со олеснети царински процедури, ќе поминат во Србија, Косово, Албанија и во сите земји опфатени со Западно-балкансаката иницијатива која ја покрива Берлинскиот процес.
Светска банка дава позитивна оценка за реформите на системите за социјална и детска заштита, предложени од Министерството за труд и социјална политика, со кои се очекува трајно да се намали сиромаштијата во Македонија и да се обезбедат еднакви услови за раст и развој за секое дете.