Фокусот на годинашниот Форум се најдобрите парламентарни практики за енергетска ефикасност во Југоисточна Европа и креирањето политики за намалување на енергетската сиромаштија во регионот. Првиот Форум се одржа лани во декември во Виена кога стана збор за енергетската ефикансост и обрските кои произлегуваат од европските директиви.
Предлог-буџетот на Министерството за култура за 2019 година изнесува 3,1 милијарди денари. Буџетот на самото Министерство изнесува 215,5 милиони денари, а буџетот за финансирање на дејностите од областа на културата изнесува 2,9 милијарди денари. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за култура Асаф Адеми.
Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани облека, електронски цигари, мобилни телефони, рачен часовник, сребро, моторно масло, автоделови, регистарски таблички, стоматолошки инструменти и материјали, цигари и домашна ракија.
Министерот за култура Асаф Адеми денеска ќе одржи прес-конференција за предлог буџетот за 2019 година.
Во хотелот „Александар Палас“ денеска ќе биде одржан Парламентарен форум за Југоисточна Европа на тема енергетска ефикасност и клима, организиран од страна на Отворениот регионален фонд на GIZ за Југоисточна Европа – Енергетска ефикасност.
Од следната година ќе почне субвенционирањето за вградување плински уреди во автомобилите, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Министерството за економија објави нов, втор оглас за доделување субвенции за печки на пелети. Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека новиот оглас е објавен поради големиот интерес на граѓаните на првиот повик.
Количеството превезена стока во товарниот патен превоз во третиот квартал во однос на вториот квартал годинава е намалено за 16,1 отсто, во железничкиот транспорт има намалување за 9,1 отсто, а во воздухопловниот превоз зголемување за 67,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Македонија во септември годинава вкупно потрошила 445.912 мегават часови електрична енергија, 3,942 милиони нормални кубни метри природен гас, 372.875 тони јаглен и 84.328 тони нафтени продукти.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески вели дека е во согласност со Законот за градежно земјиште продажбата на парцелата за објектот што се најавува дека ќе се гради кај паркингот спроти хотелот Холидеј ин во центарот на Скопје и постигнатата продажната цена за земјиштето од 300 евра за метар квадратен.