Со новиот закон за градење кој е во нацрт верзија конечно да се третира енергетската ефикасност, да се предвидат проекти за линиската инфраструктура и да се зголемат условите за добивање лиценци на правните лица, бара Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија кое денеска на седница во присуство на ресорниот министер Горан Сугарески расправаше за новата регулатива и состојбите во областа.
Соработката меѓу македонските и странските компании во земјава е многу мала. Но, се прават напори таа да се зголеми. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешната дебата организирана од Фајнeнс тинк рече дека е незадоволен од резултатите од оваа соработка, но посочува дека добар дел од странските инвеститори не можат да набавуваат производи или суровини од македонските компании доколку не им биде дозволено од крајните купувачи.
Собрението денеска го донесе Законот за отпишување камати за наплата на долгови што произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, поднесен од пратениците и од опозицијата и од владејачките партии.
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за четири денари, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 3,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Ова денеска го изјави министерката за труд и социјална полотика Мила Царовска по отворањето на регионалната работилница за практикантство под покровителство на Советот за регионална соработка во рамки на проектот „Платформа за вработување и социјални работи“.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската инвестициона банка (ЕИБ) и Групацијата Светска банка (ГСБ) воведуваат нова рунда истражувања на претпријатијата во повеќе од 40 земји, вклучувајќи ја и Република Македонија.
Министерот за финансии Драган Тевдовски ќе учествува на Министерска конференција во организација на Светска банка, која се одржува во Виена, Австрија. Темата на конференцијата е „Финансиското информирање како катализатор за интеграција“.
Граѓаните треба да имаат јасна слика на што се трошат нивните пари, рече денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски пред и официјално да ги соопшти буџетските проекции на МИОА за 2019 година.
Гувернерката на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска-Бежоска денеска и утре ќе учествува на Конференцијата за европска економска интеграција, која по петнаесетти пат ја организира Австриската централна банка. Конференцијата, како што соопшти НБРМ, важи за еден од најзначајните настани во централнобанкарската заедница на кои традиционално се дискутира за прашања клучни за европската економија.
Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи работна средба со министерот за транспоорт и врски Горан Сугарески.