Искористувањето на сончевата енергија во Македонија до овој момент е на најниско ниво во споредба со европските земји поради многу ниските субвенции од 100.000 евра и неадекватната законска регулатива за нивна распределба, смета здружението „Солар Македонија“.
Невладината меѓународна организација Македонија2025 го прослави своето десетгодишно постоење, со организирање на донаторска гала-вечера на 8-ми ноември.
Тркалезна маса за ревизија на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Државниот завод за ревизија, во рамки на твининг проект финансиран од ЕУ.
Народната банка на Република Македонија ја објави првата едукативна игра за финансиско едуцирање на младата популација насловена „Заработете и штедете“, којашто е достапна за слободно преземање од интернет-страницата на НБРМ, како виндоус и андроид-апликација.
Владата го усвои Предлог-буџетот за 2019 година со кој вкупните приходи и расходи се во рамки на проектираните параметри на Министерството за финансии. Буџетскиот дефицит е проектиран на ниво од 2,5 проценти од БДП.
Владата на Република Македонија на вчера на седница го разгледуваше Предлог-буџетот за наредната година. Во рамки на закажаната 103 седница беше најавено да се дебатира за Предлог-буџетот за 2019 година, како и за Предлог-законот за извршување на буџетот. Законски рок на Владата е најдоцна до 15 ноември да го достави до Собранието на Република Македонија.
Во прилепски „Еурокомпозит“ работниците денеска почнаа да ги подигнуваат решенијата за технолошки вишок и да се пријавуваат во Бирото за вработување.
За таа цел извршниот директор на Сојузот, Александар Зарков и претседателот на Македонската мрежа на ментори Славица Николовска потпишаа Меморандум за соработка.
Македонското здружение за заштита при работа во соработка со Организацијата на работодавачи на Македонија и Сојузот на синдикати на Македонија денеска и утре во Скопје организира обука за тоа како да се сочува здравјето на работниците и како да се превенираат инвалидноста, професионалните болести и повредите на работа.
Собранието денеска на продолжение на 65. седница ја заокружи расправата за Предлог законот за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од комунални дејности, телефонија, мобилни и кабелски оператори, радиодифузна такса, одржување заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, по скратена постапка.