Активностите во економијата се слични како и во вториот квартал годинава, со раст на индустријата и трговијата и негативни остварувања кај градежништвото, смета Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на Македонија.
Минатиот викенд предложениот текст помина на собраниската Комисија за финансирање и Буџет, а вчера од стопанството беше оценет како развоен и добро конципиран.
Унијата на Здружението на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС) предводени од Здружението „За нас" во денешната реакција посочува дека во буџетот за 2019 се предвидуваат за 10 отсто повисоки плати за лекарите специјалисти, но никаде не се споменати медицинските сестри како клучна алка при подобрувањето на здравствените услуги.
„Воведување на корпоративните иновации во Македонија“ е темата на панел дискусијата која ќе се одржи денеска во Скопје како дел од Светската недела на претприемништво.
Владата на денешната редовна 102-ра седница го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.
Последниот извештај на Светска банка „Doing Business 2019“, што беше усвоен на денешната владина седница, покажува дека Македонија го подобрила својот ранг за едно место и се наоѓа на 10-то место меѓу 190 држави во светот.
Народната банка на Република Македонија, во соработка со експерти од Европската централна банка и Европскиот систем на централни банки, денеска организираше работилница на тема „Управување со податоците за статистички потреби на централните банки и доверливост на статистичките податоци“.
Власта и стопанството се на заеднички став – да нема предвремени парламентарни избори. Согласни се и во оценката дека економскиот раст наредната година може да ги надмине предвидените проекции од 3,2 отсто и да изнесува повеќе од четири проценти како во некои други земји од регионот.
На 23 ноември ќе се формира заедничкиот управувачки економски комитет со Сојузна Република Германија која е најголем трговски партнер на Македонија, најави денеска премиерот Зоран Заев на средбата со бизнисмените од Стопанската комора на Македонија.
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК се залага зголемувањето на платите од пет осто во овие дејности да биде од први јануари, а не од септември 2019 година. Ова на денешната прес-конференција го соопшти претседателот на СОНК Јаким Неделков.