Агенцијата за храна и ветеринарство денеска во Скопје организира традиционална хуманитарна манифестација во пресрет на 16 Октомври, Светски ден на храната.
Владата вечерва ќе ја одржи 94-та седница на која ќе се стави на разгледување и на усвојување Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година.
Трите денари субвенција за предадено индустриско јаболко кај регистрирани откупувачи, на земјоделците ќе им овозможат рентабилно производство и услови за откуп на целата количина произведени јаболка, смета министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Македонските производители на свинско месо поддржуваат мерката за ослободување од царина на одредени суровини за производство на месни производи да продолжи и во наредните шест месеци. Но, тие бараат да се заштитат и домашните производители и потрошувачите.
Светска банка ќе и стави на располагање околу 400 милиони евра на Македонија за проекти во следните четири години. Ова беше истакнато на годишните средби на ММФ и Светска банка на кои учествува македонска делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на НБРМ, Анита Ангеловска Бежоска.
Македонија првпат има доволно пченка за да ги задоволи домашните потреби, но просечната откупна цена е многу ниска-осум денари за килограм. Тоа, предупредуваат земјоделците, ќе се одрази на сеидбата за 2019 година.
Во индустриската зона „Мамутчево“ во понеделник ќе почне изградба на водоснабдителен систем, најавија од општина Велес.
Македонски иноватори за неколку месеци добија голем број награди на меѓународни саеми. Петте иновации што се претставени на саеми во Москва, Мостар, Белград, Бања Лука, во Чешка и Полска добија златни медали и плакети.
Наскоро јавноста преку акционерското друштво во државна сопственост Македонски енергетски ресурси - МЕР ќе биде информирана за се што се случува со изградбата на гасоводот на делот кај Водно, најави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Започнаа градежните работи за реконструкција и преасфалтирање на патниот правец од Кочани кон туристичко-рекреативниот центар Пониква на Осоговските Планини, за што државата вложува близу 87 милиони денари.