Акционерското друштво за вршење енергетски дејности „Македонски енергетски ресурси“ (МЕР) денеска соопшти дека почнаа активностите за продолжување на изградбата на магистралниот гасовод откако е постигната согласност со граѓанските активисти.
Делегација предводена од гувернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Драган Тевдовски учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ) во Индонезија.
Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија петта година по ред се промовирани и претставени туристичките потенцијали на меѓународниот саем за туризам “TTG Travel Experience” во Римини, Италија.
Само пет фарми од Македонија (Гостиварско, Скопско, Гевгелиско, Неготинско и Ресенско) извезуваат јајца на пазарите во Европската унија. Пласманот е континуиран и се реализира главно во Хрватска, Бугарија и Грција.
Владината мерка за месната индустрија, со која се ослободуваат од царина за одредени суровини, кои ги користат во процесот на производство ги даде своите ефекти, забележа при денешната посета на МИК - Свети Николе, вицепремиерот, Кочо Анѓушев. Бројките кажуваат дека со оваа владина мерка производството во месната индустрија се зголемило за 30 отсто, а извозот на производите за 60 проценти.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев при денешната посета на стопанските капацитети во Свети Николе забележа дека економијата не оди во надолна линија, туку според него бројките кажуваат дека оди токму во нагорна линија.
Банкарскиот сектор да покаже поголем слух за полесно обезбедување финансиски средства за компаниите, бара Сојузот на стопански комори.
Монетарната поставеност е соодветна на постојните економски и финансиски услови, оцени Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ на редовната седница и одлучи да ја задржи каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,75 отсто.
Во тек е поднесувањето барањата за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко од мај до септември 2018 година, соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Интервентна субвенција од три денари за килограм ќе добијат производителите на јаболка што ќе го предадат своето производство кај регистрирани откупувачи најдоцна до 25 декември годинава по цена не повисока од пет денари за килограм, одлучи Владата на денешната седница.